Хоџсон: Иако имам 75 не сум за пензија, на сопругата и е мило што нема да ме гледа

Макфакс

30/03/2023

18:38

2.084

Големина на фонт

а а а

Рој Хоџсон инсистира дека не се чувствува доволно стар да се пензионира, откако се врати во Кристал палас во обид да избори опстанок како замена за Патрик Виеира. Поранешниот англиски селектор има 75 години и ги предводеше Палас од 2017 до 2021 година и има задача да ја прекине лошата серија на тимот од 12 меча без победа против Лестер во сабота.

„Прифатив дека се пензионирав бидејќи тоа го велеа сите. Одев по улица и добивав прашања: ‘Уживаш во пензијата?’. Во исто време не се чувствував стар за во пензија. Знам дека е така, ми пишува на изводот од родени, но бев пријатно изненаден кога добив шанса да се вратам“, вели Хоџсон, кој е 16 години постар од следниот најстар менаџер во лигата, Дејвид Мојс од Вест хем.

Тој исто така се шегува дека неговата сопруга Шила била презадоволна што повторно работи.

„Мојат сопруга исто така, не се жалеше многу. Мислам дека и беше мило што нема да ме гледа. Не знам“, вели Хоџсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг