(Видео) Џенифер Анистон се шокирала кога дознала колку години има Бен од „Friends“ денес, нејзината реакција е хит

Точка

30/03/2023

18:51

11.096

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон заедно со колегата Адам Сендлер овие денови гостуваат во бројни емисии за да го промовираат филмот „Murder Mystery 2“, кој пристигнува утре на стриминг платформата „Netflix“.

Иако со новинарите тие разговараат првенствено за филмот, во неколку наврати зборуваа и на други теми. Така, за „Access Hollywood“, Џенифер и Адам зборувале за актерот Кол Спрауз.

Кол Спрауз во текот на две сезони го играше Бен во „Friends“, синот на Рос Гелер (Дејвид Швимер). Тој имаше 7 години кога ѝ се придружи на екипата на „Friends“, а водителката со која Џенифер и Адам разговарале, ѝ кажала на актерката дека Кол во текот на снимањето на серијата бил вљубен во неа.

„Тоа е... Беше многу мал“, рекла Анистон, а на тоа водителката ѝ рекла дека Кол и неговиот брат близнак Дилан сега имаат 30 години. И Адам и Џенифер биле шокирани од тој факт.

„Што?!“, викнале и двајцата. „Ох не, немаат. Тоа е лудо“, додала Џенифер.

Инаку, Кол никогаш не криел дека бил заљубен во Анистон кога бил дете. Пред 2 години во емисијата на Дру Баримор призна дека му било прилично тешко да снима сцени со неа.


„Пелтечев и ги заборавав своите реченици. Сега би бил присебен, но тогаш ми беше тешко бидејќи бев дете“, изјави Кол. Тој вели дека филмската екипа забележала дека бил заљубен во познатата актерка.

„Екипата ме задеваше бидејќи забележаа. Едноставно заборавав на сè и само гледав во неа. Но, тогаш целиот свет беше заљубен во Џенифер“, вели Спрауз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг