Јадење кое мора да го пробате: Рецепт за тарт со спанаќ и сирење

Точка

30/03/2023

16:40

17.546

Големина на фонт

а а а

Тартот или т.н. пита без горна кора, веќе некое време е популарно јадење и на нашите простори.

Тартот е идеален за креирање и спојување на вкусови и е многу декоративен. И додека повеќето го подготвуваат со слатки филови, ние решивме да ви претставиме рецепт за солена верзија.

Комбинацијата на спанаќ и сирење е неодолива и веруваме дека често ќе го правите.

Потребни состојки:

За тесто:

- 300 гр. брашно
- 150 гр. путер
- 3 лажици млеко
- ½ ќесичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол

За фил:

- 500 гр. спанаќ
- 1 главица кромид
- 1,5 дл. млеко
- 100 гр. кашкавал
- 150 гр. сирење (или урда)
- 20 гр. путер
- 1 лажица брашно


Начин на подготовка:

Просејте го брашното, па во него ставете ја солта, прашокот за печиво, млекото и путерот на парчиња. Замесете тесто, па замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу половина час.

За тоа време ситно исечкајте го спанаќот на ленти, а кромидот на коцки и додајте сол.

Тестото размесете го на набрашнета површина, па префрлете го во калап за печење. Со виљушка избоцкајте го на неколку места.

Истопете го путерот и помешајте го заедно со изренданиот кашкавал, сирењето, млекото, кромидот, спанаќот и додајте 1 лажица брашно. Добро измешајте и прелијте го филот преку кората.

Тартот печете го во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг