Судијата кој влезе во клинч со Мурињо им се враќа на натпреварите во Италија

Дерби

30/03/2023

14:54

1.881

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо доби суспензија на две средби во Серија А поради жестокиот дуел со четвртиот судија Марко Сера, а подоцна го обвини судијата дека се однесувал неодговорно и го навредувал при краткиот разговор на мечот меѓу Кремонезе и Рома.

Сера паузираше неколку недели по конфликтот со Португалецот и самиот морал да разговара со претпоставените во судиската комисија, но сега се враќа на натпреварите.

Делегиран е на натпреварот меѓу Венеција и Комо во Серија Б, што значи враќање на Сера на списокот судии во комбинација за натпреварите од двете најсилни лиги, а можеби и најава дека брзо ќе добие натпревар и во Серија А.

Судиската комисија не го коментираше инцидентот на Сера и Мурињо, но очигледно е дека тој беше испратен на принуден одмор, но во Рома сигурно нема да бидат задоволни од расплетот на настаните.

По поразот од Кремонезе, Мурињо поради суспензијата ги пропушти дуелите со Сасуоло и Лацио и на двата Рома доживеа пораз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг