Билетите за последниот натпревар на Арсенал сезонава достигнаа неверојатни цени

Дерби

30/03/2023

14:53

1.815

Големина на фонт

а а а

Арсенал по долго време има сериозни шанси да стигне до титула во англиската Премиер лига, а фановите се убедени дека избраниците на Микел Артета имаат квалитет, а и солидна предност за да ја прекинат доминацијата на ривалите.

Каква е еуфоријата меѓу фановите на Арсенал покажува и фактот што билетите за последниот натпревар од актуелната сезона веќе достигнале вртоглави цени.

„Топчиите“ се домаќини на Вулверхемптон на 28. мај, голем дел од билетите се продаваат за над 1.000 фунти, а два билета достигнале цена од неверојатни 53.000 фунти.

Дел од фановите на Арсенал се лути на оние кои ги препродаваат билетите за да остварат профит, посебно на оние кои навистина претерале со цените.

Арсенал последен пат беше шампион во сезоната 2003/04 под водство на Арсен Венгер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг