(Видео) Десет лица од Скопје, Велес и од Тетово уапсени: Малолетничка сексуално злоупотребувана, изготвувале и порнографски материјал со неа

Макфакс

30/03/2023

14:40

6.604

Големина на фонт

а а а

Нови 10 лица од Скопје, Велес и од Тетово се осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​.

Според соопштението од ЈО, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката против десет лица.

Со дејствата опишани во наредбата за спроведување истражна постапка шестмина се осомничени дека сториле кривично дело трговија со дете, две лица се товарат за сторено кривично дело полова злоупотреба на немоќно лице и две лица за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Имено, во јануари оваа година предметниот обвинител донесе наредба против пет лица што сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал.

По преземените дејства во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција.

Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, а еден осомничен се наоѓа надвор од државата.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија.

За кривичните дела трговија со дете и полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, а за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години, се вели во соопштението.