Објавена листата на најдобри пици на светот – дали се согласувате за „победничката“?

Точка

30/03/2023

13:10

16.769

Големина на фонт

а а а

„Taste Atlas“ објави листа на 50 најдобро оценети видови на пица, а на прво место е маргарита.

Во 1889 година, кралицата Маргарита од Савоја го посетила Неапол, каде ѝ била послужена пица направена во боите на италијанското знаме – црвени домати, бело моцарела сирење и зелен босилек.

Оваа пица ја направил готвачот Рафаеле Еспосито од пицеријата Бранди и се смета за „татко“ на пицата.

Ова јадење многу ѝ се допаднало на кралицата, па Рафаеле пицата ја нарекол маргарита. Се разбира, првата маргарита (која дотогаш не го носела ова име) била направена многу порано. Најстарите податоци датираат од 1866 година.

На листата на „Taste Atlas“, зад маргаритата се најдоа следните видови:

- Napolitana;
- Quattro formaggi;
- Pizza al taglio;
- Caprese;
- Capricciosa;
- Pizette;
- Diavola;
- Pizza al padellino;
- Pinsa romana.


Целата листа, која содржи 50 пици, погледнете ја ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг