Уругвајците го избрале новиот селектор и по две децении ќе бидат водени од Аргентинец

Дерби

30/03/2023

12:27

1.393

Големина на фонт

а а а

Уругвајската фудбалска репрезентација имаше разочарувачки настап на СП во Катар, па федерацијата веќе неколку месеци е во потрага по ново долгорочно решение за селекторската позиција.

Денеска, медиумите од јужноамериканската земја објавија дека изборот паднал на Марсело Биелса, кој е познат по својот конзервативен тренерски стил, но очигледно ги исполнува очекувањата на првите луѓе на федерацијата.

Аргентинскиот стручњак е без ангажман откако го напушти Лидс Јунајтед, а сега ќе има можност да води селекција со одлично реноме во светски рамки и многу ѕвезди во ростерот.

Медиумите тврдат дека останува уште федерацијта само да ја потврди информацијата и да го промовира „Ел Локо“ за нов селектор на поранешниот светски шампион.

Биелса ќе биде прв Аргентинец на позицијата уругвајски селектор по цели 22 години, кога таа функција ја извршуваше Даниел Пасарела.