Кијану Ривс призна: „Најлошо ми беше да снимам секс-сцени со сопругата на режисерот“

Точка

31/03/2023

00:08

22.225

Големина на фонт

а а а

Кијану Ривс призна дека најнеудобниот ден на работа му бил кога морал да снима секс-сцени со сопругата на режисерот.

Омилениот холивудски актер тогаш го снимал филмот „Knock Knock“ чиј режисер бил Ели Рот.

Ривс во тој филм ја толкувал улогата на архитектот Еван Вебер којшто ноќта ја поминува далеку од своето семејство за да може да работи на идниот проект.

Започнало невреме и нему во домот му влегле две таинствени млади жени од кои никако не може да се ослободи, а тие го заведуваат и дури тогаш започнува играта на „мачки и глушец“.

Со Лоренцо Изо и Ана де Армас во главните улоги, тоа мислеле дека ќе  биде едноставен филм којшто ќе го снимат.

Меѓутоа, Изо била тогашна сопруга на режисерот (се развеле во 2019 година) и Ривс се чувствувал неудобно додека ги снимал интимните сцени со сопругата на својот пријател.

Говорејќи за тоа во емисијата на Џими Кимел, актерот признал дека тоа не е за него.

На прашањето ги смета ли сцените многу понеудобни од вообичаено, Кијану се пошегувал: „Не е тоа за мене Џими“.


Меѓутоа, ѕвездата на „John Wick“ признала дека интимните сцени му биле „чудни“, но напорно работел со својот режисер и пријател за да ја ублажи својата непријатност.

„Ели создаде прекрасна ситуација на доверба, но на крајот мора да се разголите и да симулирате, да го правите тоа...“, вели актерот и додал дека и натаму му било непријатно и дека таквите ситуации не би сакал да му се повторат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг