Блинкен: Додик на авторитарниот пат на Путин

Макфакс

30/03/2023

10:32

1.081

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја коментираше ситуацијата во Босна и Херцеговина и оцени дека претседателот на Република Српска Милорад Додик „се наоѓа на авторитарниот пат на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Нападите на Милорад Додик врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој е на авторитарниот пат на претседателот Путин. Стејт департментот, претставен од амбасадорот Мајкл Марфи, продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина што ја заслужуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина“, напиша Блинкен на Твитер.

Српската членка и претседателка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ изјави дека Блинкен презентирал „неточни оценки за ситуацијата, но и квалификации за политичките функционери и функционери на Република Српска“,пренесе Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг