Ембид се врати, Филаделфија не погреши против Далас

Дерби

30/03/2023

10:29

5.242

Големина на фонт

а а а

Филаделфија засилена со Џоел Ембид успеа да го скрши отпорот на Далас во последниот перид и стигна до 50-та победа сезонава во НБА лигата.

Домаќините издоминираа во завршницата за 116:108 и зацврстување на својата позиција, додека Далас си ја загрози својата позиција во обидот да се бори за место во плејофот.

Ембид со 25 поени ги предводел домаќините, додека кај Далас, Дончиќ и Ирвинг го завршиле натпреварот со 24, односно 23 поени.

Л.А Лејкерс славеа на гостувањето кај Чикаго со 110:121, а најефикасен кај гостите бил Дејвис со дури 38 поени на оваа средба.

Индијана – Милвоки 136:149

Бруклин – Хјустон 123:114

Њујорк – Мајами 101:92

Филаделфија – Далас 116:108

Чикаго – Л.А Лејкерс 121:132

Оклахома – Детроит 107:106

Сан Антонио – Јута 117:128

Феникс – Минесота 107:100

Портланд – Сакраменто 80:120

Мемфис- Л.А Клиперс 132:141



Спонзорирани линкови

Маркетинг