Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа доделувањето на „iHeartRadio Music Awards“. Бројни познати лица прошетаа на црвениот тепих, а во продолжение погледнете што сè беше забележано на овој настан.
Пејачката Пинк, позната по автентичниот стил, се појавила на церемонијата во друштво на децата. Таа се претстави во неколку модни изданија и секое од нив беше добар избор, во согласност со нејзиниот препознатлив моден манир.
Нејзината харизма и оригиналност пленеа на црвениот тепих, токму како што на сцената заблеска музичката ѕвезда Тејлор Свифт, која просто обожува светкави парчиња – сосема оправдано.
Пејачката Никол Шерцингер носела тесен розов фустан со интригантен изрез, кој ги истакнувал нејзините облини, а истиот го искомбинирала со сјајни металик сандали.
Големо внимание привлече и славниот Лени Кравиц, кој во 2022 година беше прогласен за модна икона на годината од страна на Советот на американски дизајнери.
Имаше и многу провокација, како голиот фустан на пејачката Делајла Бел Хамлин.
Што уште беше забележано на црвениот тепих, погледнете во продолжение: