На насловната на „Vogue“ се појави манекенка која всушност не постои – еве за што станува збор

Точка

29/03/2023

16:36

12.157

Големина на фонт

а а а

Девојката која ја краси насловната страница на магазинот „Vogue Singapore“ всушност не постои. Таа е проект на вештачката интелигенција и прва AI манекенка на светот.

Модното списание прво се одлучило на ваков чекор, сместувајќи на насловната страница на мартовското издание дело на вештачката интелигенција.

Во кампањата наречена „Roots“, „Vogue“ истражува како во иднина ќе изгледаат традиионалните амблеми, а одговорите ги пронашле со помош на вештачката интелигенција во соработка со креативниот директор Варун Гупта.

На насловната страница всушност се појавуваат три модели кои ја претставуваат културната различност, а се наречени Адја, Феј и Мелур. Првите AI манекенки всушност се компјутерски генерирани аватари кои носат етнографски обележја, а „Vogue“ со овој потег прв го прифати предизвикот на новото доба во кое вештачката интелигенција зазема сè поважно место.

„Придружете нѝ се во моментот во кој модата се среќава со AI револуцијата. Добредојдовте во ‘Altiverse’“, стои во описот на објавата на официјалниот Инстаграм профил.

Иако AI инфлуенсерите веќе одамна се на сцена, модниот лидер за првпат го претстави поимот „AI манекенки“, а дали ваквиот тренд ќе заживее или дури во целост ќе го преземе модниот свет, останува да видиме.