(Видео) Пијан гостин фрлал торта на младенците, реакцијата на младоженецот стана хит на социјалните мрежи

Точка

29/03/2023

14:31

13.003

Големина на фонт

а а а

Венчавката е еден од најважните и најпосебни моменти во животот на еден пар, а младенците се трудат да го испланираат тој ден до најситниот детаљ. Меѓутоа, некои ситуации е невозможно да се предвидат.

На социјалните мрежи се шири вирално видео од една венчавка која тргнала наопаку. Имено, во текот на церемонијата на сечење торта, еден пијан гостин со раце ја распарчил и потоа започнал да ја фрла на младенците.

Но, младоженецот брзо реагирал на неговиот непромислен потег, удирајќи му бокс и соборувајќи го на земја, а видеото стана вистински хит.

Видеото кое прво беше објавено на ТикТок, а потоа избришано, започна да кружи на социјалните мрежи, а само на Твитер има повеќе од 2 милиони прегледи.

„Секоја чест за младоженецот“, „Да сум на местото на невестата, овој тип лошо би си поминал. Тортата е скапа, им ја уништил венчавката“, „Колку чинеше тортата? Да сум на нивно место, би го тужел барем за тоа“, „Толку е пијан што не може ни да ги погоди со парче торта“, се дел од коментарите на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг