Историјата се повторува, Касилјас крајно незадоволен

Дерби

29/03/2023

12:49

1.849

Големина на фонт

а а а

Шпанија го претрпе првиот пораз во ерата на Луис Де Ла Фуенте и загуби од Шкотска по пауза од речиси четири децении, што беше доволно медиумите од оваа земја да почнат да отвораат сомнежи околу изборот на селекторот и вистинската сила и квалитет на оваа генерација фудбалери.

Медиумите од Пиринеите се познати по тоа што не покажуваат никакво трпение и истото важи и за фудбалските фанови од овој регион, а таквиот пристап очигледно почна да го нервира Икер Касилјас кој го изрази незадоволството преку социјалните мрежи.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид и симбол за шпанската фудбалска репрезентација се огласи преку Твитер, потенцирајќи дека критиките за селекторот кој штотуку е назначен се веќе позната епизода за шпанската јавност.

Луис Де Ла Фуенте дебитираше со победа над Норвешка од 3:0, но вчерашниот пораз од Шкотска ги разочара верните навивачите на селекцијата и новиот селектор се соочува со првата серија критики.

– Во саботата беше лекот за селекцијата, веќе почнавме да зборуваме за освоената четврта европска титула. Никој не се сеќаваше на Луис Енрике. Денеска селекторот е ѓубре. Шпанија е катастрофа, нема да се квалификуваат на Европското првенство. Само што започнавме…, – иронично порача Касилјас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг