(Видео) „Кочи, кочи, кочи!“: Меѓу хероите фудбалери и еден Македонец – воочиле песочно невреме, па излегле од автомобилот да ги предупредат возачите за верижниот судар

Точка

29/03/2023

13:00

6.102

Големина на фонт

а а а

На стариот пат Суботица – Жедник, вчера се случила сообраќајна несреќа во која учествувале дури 14 возила, но поради силниот ветер и песочното невреме видливоста била намалена, па дошло до верижен судар.

За среќа, нема потешко повредени, иако фотографиите изгледаат апокалиптично.

Како било навистина во тој момент, може да се види од видеото кое кружи на социјалните мрежи кога момците од еден автомобил кои се тргнале од патот им викаат на возачите од другите автомобили да сопрат за да се спречи уште поголема трагедија.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како фудбалерите ги стопираат автомобилите, викајќи: „Кочи, кочи, кочи!“.

Момците се фудбалери од ФК ТСЦ Бачка Топола, Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски заедно со неговите соиграчи Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ и Ифет Ѓаковац.

Да ве потсетиме, шест патници биле пренесени во Општата болница во Суботица, но никој од учесниците во оваа сообраќајна несреќа не се здобил со потешки повреди.


„Кога се враќавме од тренингот ветерот крена голема прашина и видливоста беше многу мала, ја намаливме брзината, но за малку и ние ќе учествувавме во несреќата. Низ облакот прашина се пробивме на другата страна кога налета камион на еден од автомобилите кои беа на патот.

Се тргнавме од патот и се симнавме во каналот од каде што забележавме дека и други автомобили се приближуваат и не знаејќи дека пред нив има голем судир. Истрчавме до автомобилот и почнавме да ги запираме, во меѓувреме повикавме брза помош, пожарна и полиција“, изјави Антониќ.