(Видео) Легендарниот фудбалер снимал честитка, па случајно ја фатил сопругата гола и им ја испратил на пријателите

Точка

29/03/2023

23:42

21.661

Големина на фонт

а а а

Поранешниот германски фудбалер Андреас Бреме ја освои титулата светски шампион со Германија во 1990 година и влезе во историјата на фудбалот таму.

Бреме денес ужива во заслужената пензија, а деновиве стана хит во светските медиуми. Зошто?

Имено, Германецот снимал честитка за една обожавателка, но технологијата не му е силна страна, па случајно ја снимал и својата гола сопруга.

Овој 62-годишен Германец ја снимил својата сопруга, 56-годишната Сузана Шедер, која била без градник во станот.

„Сега цел свет знае дека имам прекрасна жена. Не смееше да ми се случи, но можам само да се насмеам. Во иднина ќе ѝ дадам на жена ми да ме снима“, вели поранешниот фудбалер на Баерн и миланскиот Интер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг