Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…

Дерби

29/03/2023

11:32

1.431

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте ја префрли вината кај фудбалерите и раководството за лошата сезона на Тотенхем и со тоа практично си го загарантира отказот од клубот од Северен Лондон, па откако и официјално беше отпуштен, Италијанецот се јави во јавноста со џентлменска и достојна порака.

Објавата на италијанскиот стручњак дојде во ситуација кога добиваше многу критики од страна на англиската јавност поради начинот на кој си замина од Тотенхем, но иако имаше фудбалери од првиот тим кои беа разочарани од менаџерот, има и такви кои чувствуваат одговорност за разделбата со тренерот.

Таков е Кореецот Хеунг Мин Сон, кој во изјава за домашните новинари во родната земја презема одговорност за отказот и посочи дека тој си заминал поради неговите лоши изданија.

– Навистина ми е многу жал за Конте како играч и му се извинувам. Морав да покажам многу подобро лице од мене за да му помогнам на него, но и на тимот.

– За жал, не бев во состојба да го направам тоа и поради тоа доби отказ. Поради тоа мораше да ја преземе одговорноста и да си замине. Навистина се чувствувам одговорно за тоа што се случи и не ми е сеедно. Сигурен сум дека тој ќе има огромен успех во следната етапа во кариерата, сигурен сум во тоа поради неговото знаење и искуство. Каде и да оди, ќе има моја поддршка. Таков е фудбалот, сега до крајот на сезоната ќе дадам се од себе за добро да ја завршиме сезоната, – изјави Сон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг