СДСМ: Мерките даваат резултат, цените се намалуваат, растат плати и пензии

Макфакс

29/03/2023

09:05

915

Големина на фонт

а а а

Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите. Од минатиот месец, цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи – урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека меѓу производите со замрзнати цени ќе се најдат и дел од хигиенските производи, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добијат замрзнати цени. Со системски решенија и со исправни економски политики растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец се покачи за 2.175 денари односно од 18.000 на 20.175 денари. Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е над 34.000 денари.

Мартовската пензија е покачена за 8,4 проценти – во една календарска година пензиите пораснаа за 16 проценти, а со септемвриското усогласување ќе се зголемат за 25 проценти. СДСМ го слуша гласот на граѓаните, никој не е оставен сам да се справува со последиците од светската економска криза, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг