Моментот кога овој померанец помислил дека ја изгубил сопственичката во парк ќе ви го скрши срцето

Точка

28/03/2023

18:49

7.329

Големина на фонт

а а а

„Замислете сега како им е на сите напуштени кучиња“, „Ве молам, не му го правете тоа. Ќе има трауми“, „Померанците се најслатки кучиња. Сакам едно“, „Изгледа толку исплашено и тажно“, „Ова ми го крши срцето“, „Не му го правете ова повеќе“, се само некои од коментарите под објавата.

Моментот кога померанецот по има Моча помислил дека ја изгубил својата сопственичка во парк го освои интернетот.

Видеото споделено на ТикТок профилот на ова куче за само неколку дена станало вирален хит, собирајќи повеќе од 18 милиони прегледи од корисниците.

„Кога моето куче накратко ќе ме изгуби од видик“, пишува во текстот на снимката на која може да се види Моча во паника како се врти и гледа лево и десно, се додека сопственичката не го повикува кај себе. Веднаш дотрчал: „Гледаше во погрешна насока цело време“, стои во описот на видеото.

„Замислете сега како им е на сите напуштени кучиња“, „Ве молам, не му го правете тоа. Ќе има трауми“, „Померанците се најслатки кучиња. Сакам едно“, „Изгледа толку исплашено и тажно“, „Ова ми го крши срцето“, „Не му го правете ова повеќе“, се само некои од коментарите под објавата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг