Седумте минути на „Златна бубамара“ за кои зборува цела Македонија: Игор Џамбазов и Андријана Јаневска со настап кој предизвика големи емоции

Точка

27/03/2023

18:11

17.606

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер се емитуваше овогодишното издание на „Златна бубамара на популарноста“, а настапот на Игор Џамбазов и Андријана Јаневска убедливо привлече најголемо внимание и предизвика бројни емоции кај публиката.

Станува збор за изведба на антологиската песна „Ми заплакало селото Ваташа“, песна посветена на 12-те ваташки младинци, убиени од бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година, која ја напиша поетот Лазар Манчевски – Пинџур.

Песната која ја отпеа Андријана и хорот „Мирче Ацев“ беше проследена со стиховите на песната „Цветови“ на Славко Јаневски, која ја рецитираше Џамбазов.

„Истуривте емоција онолку колку што крв се пролеа на Ваташа“, „Секоја чест, преубав настап кој разбуди многу емоции, да не заборавиме на нашето тажно минато. Браво маестро и Андријана“, „Ова треба да е дел од наставна програма, помоќно од сите сувопарни лекции и години кои се учат напамет за повисока оценка. Совршено, моќно, поклон до земја“, гласат дел од коментарите по повод оваа изведба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг