Занети го убедува Меси да потпише за Интер

Макфакс

26/03/2023

13:29

2.289

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми тврдат дека Лионел Меси може да се приклучи на Интер во текот на летниот преоден рок по крајот на договорот со Пари Сен-Жермен, најмногу поради неговото пријателство со потпретседателот на клубот, неговиот сонародник Хавиер Занети.

Освојувачот на рекордни седум „Златни топки“ има само уште три месеци од договорот со ПСЖ, по што се појавија многу шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата, со опции како американската МЛС лига (Интер Мајами посебно), но и враќање во својот стар клуб, Барселона.

Според шпанските извори, Интер, кои веќе беа поврзувани со Меси кога тој заминуваше од Барселона во 2021 година, повторно се во игра, и покрај тоа што ваков трансфер би бил посебен товар на финансиите на клубот, кои не се најдобри посебно по долговите кои ги има кинескиот газда на клубот, Стивен Жанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг