За американските палачинки да ви бидат помеки – користете го овој трик

Точка

25/03/2023

21:00

14.684

Големина на фонт

а а а

Американските палачинки ги сакаат сите што ќе ги пробаат, а ако не сте ги пробале, „фрлете“ се на нивна подготовка.

Состојки:

- 2 чаши (од 2 dl) млеко;
- 1/2 чаша јогурт;
- 1/2 чаша масло;
- 1/2 чаша шеќер;
- 2,5 чаши брашно;
- 1 кесичка прашок за пециво;
- 1 прстофат сол;
- 2 големи јајца.


Подготовка:

Посебно изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат, потоа додадете ги жолчките, па сите течни состојки, па со миксер матете уште малку.

Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта и матете уште малку со миксер на најмала брзина, за смесата да нема грутчиња.


Тавата мора да биде топла, штом ја ставите првата палачинка намалете ја температурата на половина. Свртете ја палачинката кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња.

За почетници, подобро е да се пече по една палачинка, а оние кои се малку поумешни можат да прават три одеднаш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг