Растение кое треба да го имате во вашиот дом – се верува дека привлекува пари, среќа и љубов

Точка

25/03/2023

12:00

10.287

Големина на фонт

а а а

Доколку размислувате кое цвеќе ќе го засадите пролетва во вашата градина или на тераса – verbena е вистинскиот избор.

Ова растение има ситни цветови, бујно е и многу декоративно. Може да го најдете во разни бои, а освен што е многу убаво, постои верување дека тоа привлекува пари и материјална благосостојба.


Verbena старите народи ја сметале за света билка. Од неа правеле чаеви и лекувале многу болести. Ова едноставно растение еднакво добро успева и во жардиниера на тераса, како и во градина.

Расте до висина од околу 20 сантиметри. Не бара многу одгледување, само потребно е редовно да го наводнувате.

Сепак, за да постигнете полн ефект и со него да влезе позитивната енергија во вашиот дом, направете пролетно чистење на куќата. Исфрлете ги сите непотребни работи кои го гушат просторот, направете место, отворете ги прозорците, дозволете сонцето да влезе внатре.


Сите тегоби и проблеми запишете ги на лист хартија, а потоа запалете ги. Се смета дека така вашите проблеми донекаде ќе исчезнат или ќе почнат да се решаваат.

Потоа удобно сместете се, направете си го омилениот напиток и уживајте во цвеќето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг