Ѓубре на улиците на Франција по големите протести

Точка

24/03/2023

23:30

2.979

Големина на фонт

а а а

Работниците во комуналното претпријатие повеќе од две недели штрајкуваат во неколку градови, а на улиците на Париз се насобрани илјадници тони ѓубре. Синдикатите тврдат дека протести се одржани во повеќе од 320 градови и дека на улиците излегле 3.5 милиони луѓе, но властите тврдат дека биле околу милион.

Недели наназад, стотици илјади луѓе протестираат во Франција поради одлуката на владата на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години.

Владата ја образложува одлуката дека буџетот се празни и дека пензиските реформи поради тоа се неопходни, но опозицијата го тврди спротивното.


Пред новите големи протести, одржани ширум Франција, Макрон изјави дека реформите не му се допаѓаат ни нему, но дека мора да бидат спроведени и дека нема да се откаже од нив колку и да се непопуларни.

Во четврток, 23-ти март, одржан е деветтиот ден на протести, а во повеќе градови имало и судири меѓу полицијата и демонстрантите.


Синдикатите тврдат дека протести се одржани во 320 градови ширум земјата и дека на улиците излегле 3,5 милиони луѓе, но властите тврдат дека биле околу милион.

Улиците на многу градови, а посебно Париз, француската престолнина, и натаму се преполни со ѓубре, бидејќи на протестите се придружиле и работниците на комуналните претпријатија кои не го собираат отпадот.


Токму брдата од ѓубре им послужиле на демонстрантите како вид на оружје во пресметката со полицијата.

Поради новите протести најавени за следниот четврток, откажана е претходно најавената посета на британскиот крал Чарлс Трети во Франција.


Работниците од комуналното претпријатие повеќе од две недели штрајкуваат во неколку градови, а на улиците на Париз се насобрани илјадници тони ѓубре.

Големо мнозинство од демонстрантите во Париз протестирале мирно, но имало и такви кои кршеле излози од продавници и палеле ѓубре.




Спонзорирани линкови

Маркетинг