Де Лаурентис откри како го ангажирал Спалети: Алегри дојде да ми држи лекции по фудбал во мојата канцеларија, но…

Дерби

24/03/2023

16:37

3.209

Големина на фонт

а а а

Аурелио Де Лаурентис полека се подготвува за шампионска прослава во Серија А и нема сомнеж дека неговиот тим ќе стане нов италијански шампион, сатисфакција која конечно ќе ја дочека како предводник на Наполи после толку неуспешни обиди.

Газдата на Наполи донесе многу врвни имиња изминатите неколку години и соработуваше со Карло Анчелоти и Маурицио Сари, но ова што го прави Лучијано Спалети е нешто посебно, а тоа го прзинава и самиот тој.

Интересно, Де Лаурентис открива дека сакал да го ангажира Спалети на средина на сезоната 2020-21, но Лучијано побарал од него да почека неколку месеци пред клубот да се раздели со Џенаро Гатузо.

– Се сеќавам на нашата средба во Рим, тој ми ја отвори вратата и му реков дека имам голем проблем. Гатузо не беше среќен и тој ми беше потребен. Но, тој ми рече дека ќе дојде во јуни, не сакаше на средина на сезона. Јас сум џентлмен и го чекав до јуни, не сакав да го отпуштам Гатузо, иако можеби тоа ќе беше подобро за тимот.

– Во меѓувреме, имав состаноци со Консеисао, со Алегри кој дојде во четири наврати да ми држи фудбалски лекции во мојата канцеларија. На крајот го дочекав Лучијано и тој е оној што не врати во топ три во Италија веќе следната сезона, а сега се случува нешто поинакво. На крајот од сезоната ќе имаме супер забава за Скудетото, Спалети ќе остане во Наполи и наредната сезона, – вели Де Лаурентис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг