Германците ги издвоија трите главни причини за разделбата на Баерн со Нагелсман

Дерби

24/03/2023

15:42

2.882

Големина на фонт

а а а

Германските медиуми вчеравечер ја „бомбардираа“ јавноста со веста дека Јулијан Нагелсман заработил отказ од Баерн Минхен, па иако во клубот се уште владее максимален молк и нема официјално соопштение, повеќе од јасно е дека младиот стручњак е веќе минато на „Алијанц арена“.

Томас Тухел ќе го наследи Нагелсман на „жешкото столче“ откако веќе се договорил на две и полгодишна соработка со баварците, но додека се чека неговата промоција во Минхен, медиумите од Германија се занимаваат и со отказното решение кое го заработи Јулијан.

Угледниот „Скај“ информира дека оваа одлука подолго време била предмет на разговор меѓу водечките структури на Баерн Минхен, а по поразот во дербито од Баерн Леверкузен, претседателот Хајнер и директорите Кан и Салихамиџиќ почувствувале дека интернационалната пауза е вистинско време за разделба.

Истиот извор преку својот новинар Флоријан Плетенберг ги посочува и трите главни причини за отказот кој го заработил Нагелсман, односно се потенцираат негативните страни кои биле увидени од страна на раководните луѓе.

– Негативен спортски развој во Бундеслигата.

– Недостиг на развој на младите играчи и таленти.

– Шефовите исто така останеле изненадени од фактот дека тој е на одмор кога треба да работи за тимот, – гласат трите причини на Плетенберг, кој беа надополнети од „Билд“ со уште неколку факти.

Имено, од одлуките на Нагелсман во последно време разочарани останеле и голем дел од играчите, па поради тоа Брацо и Кан почувствувале дека е вистинско време за шок терапија во пресрет на најважниот дел од сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг