(Видео) Случајни минувачи во парк во Лондон шокирано гледале како куче гризе полициски коњи додека сопственикот стоел на страна

Точка

24/03/2023

11:34

3.458

Големина на фонт

а а а

Куче нападнало полициски коњи во парк во Лондон. Минувачите се обидувале да го спречат, додека сопственикот стоел на страна.

Мало куче вчера нападнало два полициски коња во Викторија Парк во Лондон. Сцените на хаос биле забележани и на снимка која кружи на ТикТок. Додека кучето ги напаѓало коњите, полицаецот му викал на сопственикот да го стави миленикот на поводник.

„Земете го кучето, земето го кучето веднаш!“, се слуша како вика полицаецот додека се обидувале да ги смират коњите.

Некои случајни минувачи интервенирале, а еден од нив со стап се обидел да го избрка агресивното животно од коњот. Се слушале и повици од шокираните минувачи.

Сопственикот на кучето стоел на страна, пишува „Daily Mail“. Откако конечно го тргнале од коњот, полицаецот уште еднаш му се развикал на сопственикот да го стави на поводник. И двата коњи биле истрауматизирани од целиот инцидент, а едниот од нив наводно има и повреда на ногата.

„Беше шокантно и страшно“, изјавила минувачка за „The Sun“ која додала дека една личност успеала да го фати кучето, а сопственикот не се брзал да го преземе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг