Истанбулскиот дигитален уметник Алпер Јесилтас, со помош на вештачката интелигенција покажал како би можеле да изгледаат славните личности кога ќе остарат, ако не се подложат на радикални методи на подмладување.
Илустрациите на проектот наречен „Young Age(d)“, Алпер ги објавил на Инстаграм и истите станаа популарни не само на споменатата социјална мрежа туку и на другите платформи.
Алпер ги „остарел“ некои од најголемите ѕвезди на денешницата, како Ема Стоун, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Џастин Бибер, Рајан Гослинг, Били Ајлиш, Роберт Патинсон, Хари Стајлс...
Уметникот, помеѓу останатото, создал и постара верзија од Мадона без естетски интервенции и сите се сложни дека станува збор за најверодостојна верзија на поп-ѕвездата која можеби и би се случила доколку пејачката во последните 10 години не користеше ботокс и филери.
Погледнете како изгледаат познатите во дигитална димензија на стареење: