Ќерката на покојниот актер објави фотографии на кои изгледа загрижувачки: Велат дека итно ѝ е потребна помош

Точка

22/03/2023

12:42

15.229

Големина на фонт

а а а

Ќерката на покојниот актер Пол Вокер ги загрижи сите оние кои ги виделе нејзините фотографии на Инстаграм на кои таа изгледа исклучително слабо.

Медоу Вокер отпатувала за Костарика, а деновиве објави неколку фотографии од оваа дестинација на кои може да се види во костим за капење.

„Длабоко во џунглата“, напишала Медоу, но во коментари следувале пораки на загриженост од нејзините следбеници: „Изгледаш како да гладуваш“, „Навистина би требало да изедеш нешто“, „Мислам дека ѝ е потребна помош, изгледа анорексично“.


Ќерката на Пол по ваквите реакции ја исклучила опцијата за коментирање, но кога ќе се погледнат нејзините фотографии од претходно, се забележува дека сега е уште послаба.

Медоу, која инаку се занимава со моделинг, не е првпат да загрижува со својот изглед. На нејзините профили на социјалните мрежи можат да се видат и неколку фотографии со нејзиниот татко кој загина во 2013 година во сообраќајна несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг