„Подобро ти е да не одиш“: Бен Афлек откри за што зборувале со Џеј Ло во видеото од „Греми“ кое стана вирално на социјалните мрежи

Точка

20/03/2023

16:14

7.107

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек откри за што разговарал со сопругата Џенифер Лопез во текот на виралниот момент од доделувањето на „Греми“ наградите кој ги преплави социјалните мрежи.

Да ве потсетиме, фановите беа убедени дека парот се скарал, а Бен поради својот уморен израз на лицето повторно стана предмет на шеги на социјалните мрежи.

Сакал да се пошегува

Актерот за „The Hollywood Reporter“ објаснил дека всушност само сакал да ја „зезне“ Лопез кога сфатил дека им се приближува водителот на шоуто Тревор Ноа којшто седел покрај нив, а Афлек тврди дека тогаш не знаел дека го снимаат камерите.

„Се наведнав кон неа и ѝ реков: Штом ќе почнат да снимаат, ќе се тргнам од тебе и ќе ти дозволам да седиш покрај Тревор“, објаснил тој и потоа раскажал што му рекла сопругата.

„Подобро ти е да не одиш“, му договорила Лопез.

Афлек објаснил дека тоа е работа меѓу сопруг и сопруга и дека тие сепак се наоѓале на нејзин „деловен настан“ и признал дека често знаело да му биде здодевно на таквите настани, но и дека знаел да биде изнервиран и често таму се појавувал во алкохолизирана состојба.

За борбата со зависноста

Актерот, инаку излекуван алкохоличар, во интервјуто открил дека по доделувањето дознал дека луѓето мислеле дека е во алкохолизирана состојба на „Греми“, па објаснил дека станува збор за стигма која го следи поради јавното признание за неговата борба со зависноста.

„Помислив – тоа е интересно. Со тоа се отвора прашањето дали е мудро да се признае зависноста во јавност затоа што ќе наидете на многу сочувства, но и стигми“, открил актерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг