(Фото) Нема да верувате колку време во „Bugatti“ трошат на фарбање на автомобилите

Точка

20/03/2023

07:24

11.896

Големина на фонт

а а а

Во некои фабрики за тоа време се произведуваат илјадници автомобили.

Подготовката е најважен дел од работата. Така е и во „Bugatti“. Кога станува збор само за фарбањето на возилата, потребни се околу 600 до 700 работни часа. По автомобил.

„Лакирањето на хиперспортските автомобили не бара само неверојатна стручност, туку и посветеност и амбиција секогаш да се задоволат високите стандарди за квалитет на марката, недела за недела, автомобил за автомобил“, вели Сајмон Ветерлинг, експерт за каросерија и фарбање на „Bugatti“.


Пред нанесувањето на првиот слој на боја специјалистите од „Bugatti“ детално го прегледуваат секој центиметар на автомобилот. Се прегледува целосната површина. Потоа се почнува со фарбање, кое почнува со чистење на металот, кое трае 100 часа, а потребни се и 100 часа за подготовка, вклучувајќи и постапка за нанесување на транспарентна боја и повторно чистење. Дури тогаш се нанесува првиот слој на боја.

Откако сите панели на возилото се обоени, почнува нова инспекција. Се гледа се, од нијанси, до рапавост, па до било какви несовршености. Истата нијанса мора да биде постигната на различни материјали, делови од металот, но и од карбонот. А тоа понекогаш е многу тешко да се постигне.


Следната фаза е полирање на автомобилот. Трае четири дена. И потоа повторно контрола која трае уште десетина часа. Дури тогаш автомобилот може да добие преодна оценка и зелено светло за испорака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг