Шефилд јунајтед со луд гол до пресврт и полуфинале од ФА купот

Макфакс

19/03/2023

16:41

2.576

Големина на фонт

а а а

Шефилд јунајтед му се приклучи на Манчестер сити во полуфиналето на англискиот ФА куп, откако со драматичен пресврт стигнаа до 3:2 победа во второлигашката пресметка со Блекбурн. Во другите две четврт-финалиња се среќаваат Брајтон и Гримбзи, односно Манчестер јунајтед и Фулам.

Брертон Дијаз ги донесе Блекбурн во водство во 21. минута, но само седум минути подоцна, Сем Галагер си постигна автогол за израмнување на 1:1. Сепак, гостите беа поблиску до полуфиналето, кога Семи Шмодикс во 69. минута пак ги донесе Блекбурн во водство. Но, прво Оливер Мекбурни израмни на 2:2 во 80. минута, за Томи Дојл со неверојатен гол во 91. минута да осигура пласман во големото полуфинале.



Спонзорирани линкови

Маркетинг