(Видео) Гол кој ќе го памети: Истрча 70 метри со топка во 90 минута, па на атрактивен начин го матираше противникот

Дерби

19/03/2023

15:48

3.325

Големина на фонт

а а а

Во светот на фудбалот е многу важно физички да сте максимално фит и подготвени, а кога е така можат да се случат специјални моменти, потези кои ќе се вртат и ќе се паметат цел живот.

Токму една таква магија имаше 22-годишниот Мамаду Камара кој на средбата против Мец во втората француска лига се реши се да земе во „негови раце“ во 90 минута, па така тргна сам од својата половина со топката, истрча 70 метри и успеа да ја затресе мрежата на гостите и со тоа да стане хит на интернет и социјалните мрежи.

Сепак за негова жал оваа мајсторија не беше доволно за неговиот Кевили-Руан да избегне пораз на овој натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг