Ова е единствениот фустан кој ви е потребен оваа пролет: Кралицата Летиција во комбинација која симнува 10 сантиметри во струкот

Кармин

18/03/2023

21:21

7.382

Големина на фонт

а а а

Шпанската кралица Летиција е позната по истенчениот вкус и префинет стил.

Нејзините аутфити се копирани од жените ширум светот, а таа е вистински пример дека монохроматските парчиња можат совршено да се комбинираат и да го комплетираат секој аутфит.


Кралицата вчера претседаваше со настаните по повод Меѓународниот ден на ретките болести во А Коруња и со својот изглед ги засени сите присутни.


Уште еднаш ја покажа љубовта кон светлите бои, а вчера се одлучила за фуксија бојата која претходно со задоволство ја носеше.


Летиција облекла светло розов макси фустан и ги засенила сите на настанот.

Нејзиниот фуксија фустан од Роберто Верин има 3/4 ракави и јака, а ременот околу половината уште повеќе ја истакнал нејзината чудесна фигура.


Фустанот, кој може да се најде по цена од 395 евра, се шири од половината во блага А-форма, а целата должина на фустанот има копчиња во средината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг