(Видео) Автомобил се запали и скоро целосно изгоре пред Влада

Макфакс

18/03/2023

15:15

3.651

Големина на фонт

а а а

Автомобил се запали пред зградата на Владата, на булеварот Илинденска. Засега причините кои го предизвикале пожарот се непознати, а на терен веднаш излезе полицијата која го обезбедува местото.

Пожарот брзо се рашири, а речиси целосно е изгорен предниот дел од возилото.

Чадот од пожарот се гледа и од повеќе делови на Скопје, а со оглед на силината на огнот.


На терен, по неколку минути од пожарот, пристигна и возило на Противпожарната бригада. Нема информации за повредени лица, а неофицијално, патниците од автомобилот навремено го напуштиле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг