Ова е единствениот фустан којшто ви е потребен пролетва – кралицата Летиција во модна комбинација која е совршена, еве колку чини

Точка

17/03/2023

08:07

7.562

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате сите да гледаат во вас каде и да се појавите, ископирајте го нејзиниот стајлинг.

Шпанската кралица Летиција е позната по својот вкус и префинет стил.

Нејзините модни комбинации ги копираат жените ширум светот, а таа е вистински пример дека еднобојните парчиња можат совршено да се искомбинираат и да го заокружите секој аутфит со нив.


Кралицата по повод Меѓународниот ден на ретките болести во Коруња со својата појава ги засенила сите присутни.

Уште еднаш таа ја покажал својата љубов кон впечатливите бои. Таа носела впечатливо розов макси-фустан и ги засенила сите на настанот.

Нејзиниот фустан го потпишува Роберто Верин, а истиот има ¾ ракави и крагна, а ременот околу струкот уште повеќе ја истакнал нејзината феноменална силуета.


Фустанот може да се најде по цена од 395 евра.

За да го заокружи својот изглед кралицата избрала пар сандали во гламурозна нијанса на боја.

Сопругата на кралот Фелипе VI одлучила косата да ја стилизира брановидно, а во нејзината шминка преовладувале тонови на праска кои ги истакнале нејзините прекрасни црти на лицето.


Дали ви се допаѓа овој нејзин стајлинг?




Спонзорирани линкови

Маркетинг