(Видео) Ковачевски со медиуми бараше макарони и млеко во маркет, па плати сметка од 328 денари

Макфакс

16/03/2023

12:06

5.201

Големина на фонт

а а а

Премиерот Димитар Ковачевски си испазари млеко, леб, макарони од познат синџир маркети. Откога со министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Пазарната, Горан Трајковски, ги разгледа цените, тој се одлучи за две пакетчиња макарони, а покрај сирењето, си купи и урда. За целата сметка плати 328 денари.

„Десно, десно , десно, уште десно, онде се тестенините“, го насочуваа Ковачевски додека пазареше за полесно да ги најде макароните.

Во живо: Ковачевски, Бектеши и директорот на Пазарна на пазарење за да ги проверат цените

Во живо: Ковачевски, Бектеши и директорот на Пазарна на пазарење за да ги проверат цените

Posted by Makfax on Thursday, March 16, 2023

„Сите цени се намалени“, го убедуваше претставникот на маркетот.


Бектеши за време на пазарењето му дофрлаше нешто поврзано за цените. Ковачевски отиде и кај сирењето и зеде едно парче. На крајот отиде на касата за да си ја плати сметката.


„Намалени се цените“, рече Ковачевски по пазарењето.