Милан вчера ги разочара фановите со ремито со Салернитана, а овој неуспех ќе биде забележан и во клупската историја.
„Газета дело Спорт“ одбележа дека вчерашниот натпревар на „Сан Сиро“ бил прв во историјата на кој Милан немал ниту еден италијански фудбалер во стартната постава.
Вообичаено, Сандро Тонали добива шанса од тренерот Стефано Пиоли, но вчера беше доби заслужен одмор, а во првите единаесет на „росонерите“ не се најде ниту еден од неговите сонародници.
На клупата останаа Миранте, Габија, Калабрија, Флоренци и Побега.
За Салернитана исто така ова беше натпревар за историја, бидејќи првпат освои бод на гостувањата кај Милан.