(Видео) Масовна тепачка на нашинци на македонска вечер во Швајцарија: Му стапнале во чинија додека играле на маса, па започнал инцидент

Точка

14/03/2023

12:16

9.252

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се споделува видеоснимка од масовна тепачка на нашинци која се случила во Швајцарија.

Инцидентот се случил на 11-ти март на концерт на кој настапиле повеќе наши фолк пејачи, организиран по повод Денот на жената.

На видеото се гледа како голем број од гостите меѓусебно се удираат и туркаат, додека жени и деца бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.

Македонска вечер во Швајцарија


Настанал голем хаос.. ?

Posted by Информација повеќе on Sunday, March 12, 2023

Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд биле музичките гости кои ги забавувале нашинците во Швајцарија, пред да започне големиот неред.

Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус“ открива музичарот Кристијан Јованов.


„Ниту ние точно не знаеме зошто започна сѐ. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во чинија. Тоа е сѐ што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“, вели Јованов.

Појаснува дека инцидентот се случил околу полноќ, по што бил прекинат концертот.

„Немаше резон да продолжиме со музика. Луѓето беа вознемирени, деца исплашени плачеа“, вели Кристијан, кој ѝ стана познат на јавноста по учеството во шоуто „Операција Триумф”, а веќе две години со свој бенд настапува во Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг