Единствена Македонија: Ќе покренеме иницијатива за влез на уште седум заедници во Уставот

Макфакс

11/03/2023

13:00

2.453

Големина на фонт

а а а

Јавноста слушна за најавата на власта за започнување на постапката за измена на Уставот, со цел влез на Бугарите во македонскиот Устав.

Оттука Единствена Македонија денес со соопштение информира дека Извршниот комитет на партијата донел одлука за поведување на иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во македонскиот Устав.

- Ваквата определба на Единствена Македонија тргнува од историската вистина која базира на историски извори на научна основа дека Македонија е Мајка на сите словенски народи кои тргнале од Македонија во населувањето на денешните територии каде живеат, – стои во соопштението.

Според досегашните пописи, овие националности живеат во Република Македонија, а уште отсега сме сигурни дека ова би било неспорно за македонскиот народ за разлика од влезот на Бугарите кое предизивикува големи контроверзи во јавноста, велат од Единствена Македонија.

Ос партијата потсетуваат на нивниот став од 24 јули 2021 дека „доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав во согласност со меѓународно правно признатиот-принцип на реципроцитет“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг