Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Макфакс

14/11/2026

17:40

183

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Гевгелија уапси 36-годишен маж кој подолг период ја вознемирувал и следел поранешната партнерка, по пријава за агресивно однесување кон неа.

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска, а подолг период ја следел и вознемирувал.

Од МВР информираат дека тој бил лишен од слобода на 13 ноември во 19:40 часот и е задржан во Полициската станица во Гевгелија.

За случајот е известен јавен обвинител, а против 36-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава. Тој треба да биде изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија.