Ретка габична инфекција пристигна во Европа: Ги напаѓа очите, белите дробови и коските, а ја пренесуваат мачки

Точка

03/03/2023

15:44

20.079

Големина на фонт

а а а

Во Европа, поточно во Велика Британија се појави ретка инфекција која се пренесува од мачки на луѓе.

Досега случаи на зараза се забележани само во Јужна Америка, а сега првите случаи на европско тло се забележани во Велика Британија.

Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани на местото кое било изложено на габата, но инфекцијата може да влијае и на очите, белите дробови, коските и зглобовите.

Станува збор за кожна болест која е прилично болна и се манифестира преку рани и чиреви, најчесто на рацете.


Здравствените служби во Велика Британија тврдат дека сите се заразиле со габичната инфекција од иста мачка која едно семејство ја донело од Бразил, каде ваквата габа е сè пораспространета и станува опасна по јавното здравје.

Сите три заразени лица биле позитивни на бактеријата „Sporothrix brasiliensis“. Истата мачка ја изгребала мајката, ќерката и ветеринарот, кои побарале медицинска помош. Инфекцијата обично се лекува со антифунгални лекови подолго од шест месеци, пишува „Daily Mail“.

Габата се шири преку загриз или гребаница од заразена мачка. Нема забележани случаи на пренос од човек на човек. Во ретки случаи заразеното лице може да добие воспаление на белите дробови ако вдишува спори од габата, што предизвикува симптоми како отежнато дишење, кашлица и грозница.


СЗО предупредува дека габичните инфекции стануваат голема закана по јавното здравје бидејќи, поради климатските промени, животната средина станува сè попогодна за нивен развој и ширење.

До средината на 90-те години, „Sporothrix brasiliensis“ била во главно непозната. Првите случаи на зараза со овој патоген се јавиле во Рио де Жанеиро, а било воочено дека преносот на луѓе се одвива главно преку бездомни мачки. Циркулација на габата „Sporothrix brasiliensis“ е забележана и во Аргентина, Парагвај, Боливија, Колумбија и Панама.