Природен лек за чистење на крвните садови: Една лажичка на празен стомак го регулира крвниот притисок

Точка

27/02/2023

17:36

14.956

Големина на фонт

а а а

Лукот се покажал како природен начин за чистење на затнатите артерии, како и за намалување на крвниот притисок и нивото на лошиот холестерол.

Исто така може да го намали нивото на шеќер во крвта, што помага и во слабеењето, бидејќи кога нивото е во нормални граници, полесно е да се контролира апетитот, што за возврат помага во намалување на вишокот килограми.

Ѓумбирот е поврзан со превенција на срцеви болести поради своите способности да го зголеми протокот на крв. Исто така има способност за производство на енергија која ќе ви помогне да бидете физички поактивни и со тоа да ги намалите вишокот килограми.


Лимонот се докажал во истражувачките студии како средство кое ја регулира работата на срцето, со што се обновува неговата правилна функција и помага крвта полесно да се движи низ телото.

Јаболковиот оцет содржи антиоксиданти кои играат клучна улога во отстранување на токсините од телото и крвта. Исто така содржи витамини, минерали и ензими кои го одржуваат здравјето.

Медот се бори против бактериите во организмот, му дава енергија на телото и докажано го намалува холестеролот и срцевите болести.

Потребни состојки:

- 1 шолја сок од ѓумбир
- 1 шолја исечкан лук
- 1 шолја лимонов сок
- 1 шолја јаболков оцет
- 2 шолји органски мед


Начин на подготовка:

Во еден сад ставете го сокот од ѓумбир, ситно исечканиот лук, лимоновиот сок и оцетот и варете на тивок оган 30 минути со мешање. Тргнете го од оган и оставете целосно да се излади.

Во смесата додајте 2 шолји мед и добро промешајте. Ставете го напитокот во чисто шише и чувајте го во фрижидер.

Како се користи?

Земајте по 1 лажица од мешавината секое утро, попладне и навечер на празен стомак. Смесата може да се чува во фрижидер до 2 месеци.