Иако денес влегуваме во свет со сè понапредна технологија, често имаме носталгија за стари телефони. Не само што тие не потсетуваат на минатото, туку некои од нив може да вредат и цело богатство.
Во продолжение прочитајте кои стари мобилни денес би можеле да ве изненадат со својата пазарна вредност, пишува „Fenix Magazin“. Тие не претставуваат само дел од технолошката историја, туку и интересна инвестиција за колекционерите и љубителите на технологијата.
„Nokia 7280“
„2G7280 lipstick“ е модел на мобилен телефон кој го нуди „Nokia“. Списанието „Fortune“ го вбројува меѓу најдобрите производи за 2004-та година. Неговиот дизајн го препознало и жирито на доделувањето на наградата за дизајн на производ во 2005-та година. Овој телефон е многу популарен меѓу колекционерите, а цената му е околу 190 евра.
„Motorola International 3200“
„Motorola International 3200“ бил првиот пренослив дигитален мобилен телефон, лансиран во 1992-ра година. Овој телефон може да се продаде на „eBay“ од 70 до 200 евра.
„Motorola MicroTAC 9800X“
„MicroTAC“ е семејство на мобилни телефони кои ги произведува „Motorola Industries“ во САД. Првиот модел кој излегол на пазарот бил „9800X“, кој во јавноста е претставен на 25-ти април 1989-та година. Овој телефон е достапен на „eBay“ за речиси 200 евра, пренесува „N1“.
„Motorola Razr2“
„Motorola Razr2“ е еден од низата телефони на „Motorola“ на преклоп и еден од серијата во линијата „4LTR“. На „eBay“ овој телефон е достапен за меѓу 100 и 200 евра.
„iPhone3G“
Овој паметен телефон на компанијата „Apple“ е втора генерација на „iPhone“. Наследник е на „iPhone EDGE“ и претходник на „iPhone 3GS“. Претставен е на 9-ти јуни 2008-ма година на „WWDC 2008“ во Сан Франциско. Овој телефон, нов во кутија, може да се продаде на „eBay“ во износ од речиси 1.000 евра.
„iPhone2G“
Мобилниот познат и како „iPhone EDGE“, е паметен телефон од истоименото семејство на „Apple Inc“, поточно тоа бил првиот модел кој припаѓал на ова семејство паметни телефони. Овој телефон е достапен на „eBay“ за сума од 300 до 1.000 евра, во зависност од состојбата.
„Motorola DynaTAC 8000X“
„DynaTAC“ е линија на мобилни телефони кои ги произведуваше „Motorola, Inc“ од 1983-та до 1994-та година. За овој телефон можете да издвоите од неколку стотини, до неколку илјади евра, во зависност од состојбата.
„Mobira Cityman 900“
„Mobira Cityman 900“ го издала „Nokia-Mobira 1987“. Бил еден од првите преносни телефони. Во зависност од состојбата на телефонот, може да се постигне цена од неколку илјади евра.