(Видео) Уште едно чудо во Турција: Спасено момче кое поминало 152 часа под урнатините

Макфакс

12/02/2023

13:44

1.555

Големина на фонт

а а а

Спасувачките екипи постојано ги извлекуваат луѓето кои се заглавени под урнатините.

Турските спасувачи успеале да го спасат и осумгодишното момче Ахмет, кој поминал 152 часа под урнатините и само за чудо преживеал.

Детето веднаш било сместено во амбулантно возило и пренесено во болница.

На видеото се гледа дека момчето се здобило со бројни модринки. Засега не е позната неговата здравствена состојба

Во земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа повеќе од 28.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.