(Видео) Ново чудо во Турција: Тинејџер е спасен од урнатините по 119 часа

Макфакс

11/02/2023

14:18

3.387

Големина на фонт

а а а

Ново чудо во Турција,16-годишно момче е извлечено живо од урнатините на уништената зграда во турскиот град Кахраманмарас, 119 часа по разорниот земјотрес.

Во драматичните сцени прикажани во живо на CNN Turk, Камил Чан беше извлечен на површина со насмевка на лицето. Се чинеше дека е во добра форма.

Спасувачите рекоа дека го пребарале местото откако го слушнале неговиот глас под урнатините. Момчето ја носеа на носилки кај роднините кои го чекаа и го бакнуваа.