(Видео) Спасена е 70-годишна жена од урнатините во Турција

Макфакс

11/02/2023

10:25

1.793

Големина на фонт

а а а

И 122 часа по првиот разорен земјотрес, 70-годишната Менекше Табак беше спасена на југот на Турција.

Според турските медиуми, Менекше е извлечена од под урнатините на зграда во Кахраманмараш, на југот на земјата.

Откако била извлечена, жената била пренесена во болница.

Во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа речиси 24.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.