Розацеата е најчест сигнал на неурамнотежен организам, а ова се можните причини

Точка

07/02/2023

15:34

9.410

Големина на фонт

а а а

Розацеа е состојба на кожата која предизвикува црвенило и видливи крвни садови на лицето, а исто така може да предизвика појава на мали, гнојни меурчиња.

Овие знаци и симптоми можат да се влошат, а потоа повторно да исчезнат на одреден период.

Розацеата може да се појави кај било кој човек, но најчесто се јавува кај средовечни жени со бел тен. Иако не постои лек за оваа состојба, со одредена терапија може да се држи под контрола и со тоа да се ублажат симптомите.


Знаците и симптомите вклучуваат црвенило на лицето, мали крвни садови на носот и образите кои пукаат и стануваат видливи, гнојни меурчиња, чувство на печење (кожата на зафатеното подрачје може да биде врела и чувствителна) и проблеми со очите.

Многу луѓе со розацеа исто така имаат суви, надразнети, отечени очи и очни капаци. Ова е познато како очна розацеа. Кај некои луѓе, очните симптоми им претходат на кожните симптоми.

Причини за појава на розацеа

Иако точната причина за розацеа е сè уште непозната, дерматолозите сметаат дека може да биде последица на преактивен имунолошки систем, генетика, надворешни фактори или комбинација од неколку причини.

Розацеата не е последица на лоша хигиена и не е заразна, а наглите напади на оваа состојба можат да бидат поттикнати од:


- топли напитоци и зачинета храна
- црвено вино и други алкохолни пијалаци
- температурни екстреми
- изложување на силно сонце и ветер
- стрес
- лекови кои ги прошируваат крвните садови, вклучувајќи лекови за крвен притисок
- козметички производи, производи за нега на кожа или коса



Спонзорирани линкови

Маркетинг