Рецепт за домашни мини-переци со ким: Вкус кој буди носталгија и мирис кој браќа во детството

Точка

07/02/2023

16:00

9.498

Големина на фонт

а а а

Мини переците се прекрасни за појадок или ужина, а ќе бидат еднакво вкусни и во текот на утрешниот ден.

Вкусните переци како од пекара будат носталгија и мирис на детството. Може да ги правите за појадок, ужина, а децата најмногу ги сакаат на масата како грицки.

Состојки:

- 600 грама брашно;
- 200 милилитри јогурт;
- 180 грама масло за јадење;
- 250 грама маргарин;
- 3 јајца;
- 150 грама ситно сирење;
- Кесичка прашок за печиво;
- Лажичка сол;
- Ким.


Подготовка:

Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за печиво и солот, а во друг сад ставете маргарин, масло за јадење, две јајца, сирење и јогурт и помешајте. Кога ќе добиете смеса, ставете ја во смесата со брашното, па замесете тесто кое нема да се лепи на садот.

На работна површина ставете малку брашно, па развлечете го тестото со дебелина од половина сантиметар.

Со модла за переци вадете од тестото и ставете ги во плехот којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење. Изматете едно јајце, па премачкајте го со переците и посипете со ким. Печете на загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг